• Tue. May 14th, 2024

Ристовски и Вргов потпишаа професионални договори со Брера

ByЃ. K.

Feb 16, 2024

Академија Пандев Брера Струмица донесе доста нови засилувања за вториот дел од оваа сезона, но во исто време размилува и за својата иднина, поточно гледа на долги стази и потврда за тоа се професионалните договори за талентираните Давид Ристовски и годишниот Славе Вргов.

Ристовски има 17, а Вргов 18 години. Давид беше на подготовките со првиот тим во Анталија и на одиграните контролки покажа одлични перформанси а во дуелот со украинскиот состав Верес постигна и гол.

Вргов освен што брани за ФК Брера тој е дел и од младинските репрезентции на Македонија. Лани беше чувар на мрежата на селекцијата У 18.

By Ѓ. K.