• Fri. May 17th, 2024

Регистрирани 14 нови случаи со ковид, починати нема

Регистрирани 14 нови случаи со ковид, починати нема

Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.876 тестирање, при што се регистрирани 14 нови случаи со Ковид-19, од кои осум во Тетово, три во Гостивар, два во Скопје и еден во Струга. Регистрирани сe и двајца оздравени пациенти и тие се од Скопје, а не се регистрирани починати пациенти.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.797, на оздравени пациенти е 150.126, на починати е 5.487, а на активни случаи изнесува 184. По градови бројот на активни е следен:  Скопје 64,  Куманово 11,  Прилеп 4, Тетово 53,  Битола 6,  Велес 2, Гостивар 7, Кавадарци 2, Охрид 11, Струмица 5, Струга 2, Кичево 13, Берово 2, Дебар 1, Активни 1, Пехчево 1, Активни 1., останатите градови немаат активни случаи.

Од денеска граѓаните може да примат вакцина против Ковид-19 без да закажат термин за вакцинација, а во над сто населени места во општините во цела држава почнува теренската вакцинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *