• Sun. May 12th, 2024

Рано утрово , девет повредени во сообраќајната незгода кај Дамјан

Утринава околу 03:40 часот на магистралниот пат Струмица – Штип, кај радовишкото село Дамјан се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила и еден трактор со приколка – информацијата ја потврди портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Повредени се девет лица, од Радовиш, Тополчани и Пехчево. Тројца мажи се хоспитализирани во Струмичката болница. Поради сериозноста на повредите едно лице е транспортирано на клиниките во Скопје, но е надвор од животна опасност – информирааод хируршкото одделение во ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица.

Поради сообраќајната незгода на патниот правец Радовиш – Штип, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на патнички моторни возила, додека товарни моторни возила воопшто не се пропуштаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *