• Sat. May 18th, 2024

Рама: Преговорите со Атина минаа напорно и тензично

Официјална Тирана оценува дека преговорите за текстот на спогодбата помеѓу Албанија и Грција за надминување на билатералните проблеми биле тешки и со нагласени тензии. Албанскиот премиер, Еди Рама, коментирајќи го финализирањето на текстот за спогодбата на Албанија со Грција, изјави дека преговорите со Грција минале тензично. Рама додаде дека неговата влада се обидувала да ги надмине досегашните прашања што создавале тензии меѓу двете земји по соборувањето на комунистичкиот режим во Албанија.

„Инвестиравме за да се создадат стратешки долгорочни односи со Грција. Тоа не беше толку лесно бидејќи во текот на преговорите имаше големи тензии, но не поради тоа што сакавме да ги расипеме односите со Грција, туку да ги поправиме сите односи што беа создадени по промената на системот за на крајот сè да излезе на добар пат“, нагласи Рама.

Според него, од историско значење е што Атина разбра дека законот за војна со Албанија е апсурден и дека тој ќе биде наважечки. Рама оцени дека добро е и решението за морската граница помеѓу Албанија и Грција додавајќи дека не држат критиките на опозицијата оти договорот за морската граница е на штета на Албанија.

Изјавата на премиерот на Албанија доаѓа по финализирање на текстот на спогодбата помеѓу Албанија и Грција за надминување на билатералните проблеми од страна на министрите за надворешни работи на Албанија и Грција на островот Родос и во пресрет на потпишувањето на овој документ за време на одржувањето на самитот на ЕУ на 28 и 29 јуни од страна на премиерите на Албанија и Грција.

извор:www.makfax.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *