• Sun. May 12th, 2024

Радовишанец ја силувал сопствената баба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривични дела „обљуба врз немоќно лице“ од член 187 став 1 и „родосквернавење“ од член 194 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 24-годишен жител на радовишко село, на 2 јули, во дворот на семејната куќа, извршил обљуба врз неговата 72-годишна баба, злоупотребувајќи ја нејзината немоќна состојба на болна жена со инвалидитет и моторен дефицит, поради кои не била во можност да се одбрани, наведоа од ЈО.

Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата нa претходна постапка го прифатил предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *