• Fri. May 17th, 2024

Радев распиша вонредени парламенарни избори во Бугарија на 2 октомври

Бугарскиот претседател Румен Радев закажа вонредни парламентарни избори на 2 октомври и го назначи поранешниот министер за труд Галаб Донев за технички премиер. Тоа ќе бидат четврти парламентарни избори во Бугарија за помалку од две години, а следуваат по распаѓањето на коалициската влада на Кирил Петков.

Техничката влада предводена од Донев, во која министер за надворешни работи ќе биде Николај Милков, ќе почне со работа утре и се очекува да заземе помек став кон Русија, со цел да се обнови снабдувањето со гас. Таа исто така би можела да се обиде да ги подобри односите со Москва, откако владата на Петков протера 70 руски дипломати поради наводно шпионирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *