• Fri. May 17th, 2024

Протест и блокада на откупен пункт во Муртино – земјоделците револтирани од падот на откупната цена на зелката

Производителите на зелка од струмичкото Муртино протестираа во знак на револт што откупната цена за неколку денови континуирано паѓала и не се почитува законот за неделни откупни цени. Тврдат дека трговците ден претходно, најавувале една цена а кога ќе се однесе производството цените биле пониски. Според нив само, за десетина дена цената од 40 прво паднала на 35, потоа на 30, а денеска по 25 денари.

„Нема инспекција кој да ги контролира откупувачите. Какво објавување на цените кога не се почитува. Инспекторите се во канцеларија и чекаат први да дојде да зема плата. А кога ние сме должни веднаш доаѓаат. Не е во ред без најава да се намалува откупната цена а луѓето ги набрале по една цена“, кажа Трајков Пандев од Муртино

Земјоделците од Муртино се упатија кон откупниот пункт во селото и го блокираа за да не може да функционира. Застанаа со трактори и механизација на патот и бараа да го испочитува договореното пред десетина дена во Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *