Синоќа во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица се одржа промоција на монографијата „ОД ПОРТИТЕ НА ПЕКОЛОТ ДО ПАТОТ КОН НЕБИДНИЦАТА” од м-р Благој Стојанов. Монографијата го актуализира егзодусот на Македонците од егејскиот дел на Македонија за време на Балканските војни и Граѓанската војна во Грција, но, истовремено, претставува и своевиден историјат на Здружението на бежанците, бегалците и децата на бегалците „Незаборав” од Струмица.