• Thu. May 16th, 2024

Промовирана монографијата „Мојот живот минато мило“ за борецот Величковски

Во градската уметничка галерија во Струмица беше промовирана монографијата ,, Мојот живот, минато мило’’ од  авторот Ванчо Тркалевски која е посветена на борецот и партизан стогодишниот Јован Величковски. Станува збор за монографија во која низ мемоари се раскажува животниот пат на Величковски кој постојано бил за македонската кауза.

,,Поттик да ја напишам монографијата е животот и делото на мојот дедо се неговите кажувања, кои ги запишав и еве дочекав да бидат објавени. Ова е одговор на сите што не негираат како Македонци, бидејќи во книгата има документи и факти дека  сето тоа не е вистина.Ние сме Македонци, имаме свој идентитет и зборуваме свој посебен јазик, рече авторот Тркалевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *