• Mon. May 20th, 2024

Притвор за пет лица вмешани во нападот на полицискиот службеник во Баница

ByВане Трајков

Aug 21, 2023

Јавното обвинителство во Струмица изрече мерка притвор од 30 дена за пет лица вмешани во нападот на струмичкиот полициски службеник во населеното место Баница. Како што информираа од обвинителството за сите лица кои учествувале во нападот на службентото лице отворена е истражна постапка за напад врз службено лице при вршење на работа за безбедност. Инцидентот се случи на 18 август во вечерните часови каде група од повеќе од десетина лица од Баница и Градско Балдовци го сопеле слуѓбеното лице со кое било со службено возило и со дрвени, бетонски и метални предмети удирале по возилото а потоа и физички го нападнале полицаецот.

За инцидентот реагираше и Независниот синдикат на полицијата кој побара строги казни за сторителите.

,,Ги прашуваме сите надлежни институции во државата, уште колку напади врз полициски службеници треба да се случат и дали треба да чекаме некој полициски службеник да загине пред да се преземат мерки против оваа сериозна и зачестена појава. Дали Министерството ќе му пружи поддршка и ќе ги покрие трошоците за лекувањето со оглед на тоа дека од Август 2022 година не се уплаќа колективното осигурување?,, стои во реакцијата на синдикатот