• Sat. May 18th, 2024

Притвор за жител на Пирава за полов напад врз малолетник

Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Валандово, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе известување поради основано сомневање за сторено  кривично дело „Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“ предвидено во чл.188 од КЗ на РМ.

Имено,  на ден 05.02.2018 година во ПС од ОН Валандово пријавено е полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, против лицето Ц.А (55) од с.Пирава.

Од страна на јавен обвинител во Велсе дадени се насоки за постапување. извршен е  разговор со дете-жртва на полово дејствие во присуство на родител и социјален работник.

По  наредба на ОЈО-Велес  пријавеното лице на 06.02.2018 година е лишено од слобода и  предадено во ОЈО – Велес за  прибирање на информации со цел навремено откривање, разјаснување и докажување на пријавеното кривично дело.

По наредба на судија на претходна постапка на пријавениот  му е одреден притвор во траење од 30 денa.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *