• Tue. May 14th, 2024

Приведен турчин кај раскрсница Богданци- превезувал миранти

На 12.03.2023 во 01.35 часот на раскрсница „Богданци“ од полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран е лишен од слобода О.Т.(24) од Р.Турција кој управувал патничко моторно возило „опел вектра“ со црногорски национални ознаки, a во кое превезувал три лица мигранти. О.Т. е задржан во Полициска станица Гевгелија за понатамошна постапка.

За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.