• Thu. May 16th, 2024

Приведен србин кој превезувал мигранти кај Гевгелија

ByВане Трајков

Oct 20, 2021

Вчера околу 15.45 часот на бензинска пумпа на автопат А1 – Гевгелија, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода Е.Е.(19) од Република Србија, затоа што во возило „форд галакси“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 14 лица државјани на Куба, од кои две малолетни, со нелегален престој во државата информираше МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *