• Fri. May 17th, 2024

Приведен криумчар на мигранти кај гевгелиско Мрзенци, застанал со возилото и почнал да бега од полицијата

ByЃ. K.

Jan 24, 2024

Синоќа околу 20 часот во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода М.К. од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

Според МВР, претходно, кај село Негорци, гевгелиско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило фолксваген пасат кое M.K. го управувал, но тој продолжил со движење.„Во близина на Негорци го запрел возилото и се обидел да побегне, по што бил фатен и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Сирија, еден од Непал, еден од Египет и еден од Палестина.

Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар во Гевгелија“, соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител , против осомничениот скопјанец ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.