• Sun. May 19th, 2024

Приведени двајца струмичани, кај едниот најдени предмети од кражба кај другиот марихуана

ByЃ. K.

Sep 7, 2023

На 07.09.2023 во 10.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода О.Х.(41) од Струмица. При преглед на неговото дворно место биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешка кражба извршена на 06.09.2023 во продажен објект во Струмица.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.09.2023 во 19.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.А.(39) од Струмица. При преглед на патничко возило „рено“ со струмички регистерски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

By Ѓ. K.