• Tue. May 14th, 2024

Претставниците на детскиот телевизиски фестивал „Ритамот на Европа“ на гости кај градоначалникот Костадинов

ByЃ. K.

Feb 7, 2024

Пријатно изненадување за градоначалникот Костадинов денеска беа претставниците на детскиот телевизиски фестивал „Ритамот на Европа“.

Се разговараше за музичкиот фестивал што ја доби поддршката од градоначалникот Костадинов, а е најголем од ваков вид во Европа, со тоа Струмица стана град домаќин во групата од 75 градови од регионот и 4 градови надвор од него.

„Фестивалот „Ритамот на Европа“ е одлична можност за нашите музички талентирани деца, да се дружат и натпреваруваат со своите врсници од Европа, а фестивалот ќе се одржи на почетокот од месец март во нашата Струмица. Деца ви благодарам за посетата и вниманието, секогаш сум со вас“, истакна Костадинов.

By Ѓ. K.