• Fri. May 17th, 2024

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведени две лица

ByЃ. K.

Nov 2, 2023

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, синоќа, ги лишиле од слобода К.К.(23) и Н.П.(20), двајцата од Струмица.

-При преглед на К.К. бил пронајден и одземен кокаин, додека при претрес во домот на Н.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага и пари, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, при што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА

By Ѓ. K.