• Fri. May 17th, 2024

Претпладнево повторно гужви на ГП Богородица

ByВане Трајков

Apr 21, 2023

Исто како и пред седум дена, поради продолжениот празничен викенд,претпладнево на ГП Богородица на македонско грчката граница повторно се создадоа гужви од моторни  возила со патници кои заминаа за соседна Грција. Како што соопштија од МВР заради гужвите биле ставени во функција речиси сите гранични ленти а за излез се чекало и до 30 минути

Според портпаролот Гоце Андреевски до пладне низ овој граничен премин за последните 24 часа поминале околу 8 700 патници од кои околу 5 илјади биле македонски државјани