• Sun. May 19th, 2024

Премиера на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ во Валандово

На 21-ви, 22-ри и 23-ти јуни, (петок, сабота и недела) во Домот на култура „25-ти мај“ – Валандово, премиерно ќе биде прикажан македонскиот филм „Господ постои, името и е Петрунија“ во режија на Теона Стругар-Митевска.

Проекциите на филмот ќе се прикажуваат во 20:30 часот, а билетите по цена од 100 денари ќе се продаваат пред почетокот на филмот.

Филмот ја раскажува приказната на Петрунија – девојката која на Водици во Штип ќе го фати крстот, покрај стотина мажи кои се нурнуваат по него. Тие се бесни како една жена се осмелува да учествува во нивниот ритуал, но, Петрунија нема намера да се откаже од крстот и верува во тоа дека цела година ќе ја прати добра среќа и просперитет.

Ова е првиот македонски филм кој беше во конкуренција за „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал.

На 10-ти февруари годинава, на 69-тото издание на Берлинале, филмот ја имаше својата светска премиера. Освои две награди: на Екуменското жири и на Здружението на германските кина за авторски филм, паралелни награди на Берлинале, кои се доделуваат од страна на независни жирија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *