• Sat. May 18th, 2024

Предадено новото противпожарно возило во Радовиш

ByЃ. K.

Dec 11, 2023

Како дел од имплементацијата на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFidar“, финансиран од ЕУ преку Интеррег ИПА а имплементиран од ЦРЈИПР во партнерство со Центарот за управување со кризи и Регионот на централна Македонија од Р. Грција, денес на ТППЕ Радовиш беше предадено ново Противпожарно возило за прв одговор – модел FORD Ranger.

На примопредавањето присуствуваа градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов и Директорот на ЦРЈИПР Ѓоко Камчев, кои заедно со Командирот на ТППЕ Радовиш изразија огромна благодарност за оваа донација.

Противпожарното возило за прв одговор кое е снабдено со специјална опрема е наменето за помош при гаснење на шумски пожари од страна на ТППЕ Радовиш за двете општини Радовиш и Конче како дел од Југоисточниот плански регион.

By Ѓ. K.