• Sun. May 12th, 2024

Прво место за драмската група „Дон Кихот“ од Гевгелија на фестивалот во Банско

Драмската група „Дон Кихот“ од Гевгелија, го освои првото место на традиционалниот театарски фестивал „Утринска звезда“ вп Банско, Бугарија. Годинава, во многу силната конкуренција на престижниот фестивал, аматерската драмска група „Дон Кихот“ од Гевгелија го освои првото место со претставата „Како да се ограби банка“, во режија на Катица Џишева-Дупарова и продукција на Домот на културата од Гевгелија.
– Уште еднаш нашите членови го покажаа раскошниот талент и професионализам кој очигледно е пресуден за освојување награди на фестивалите, но и потврдија дека со право се добитници на сребрената плакета по повод празникот на општина Гевгелија – вели раководителката на драмското сртудио „Дон Кихот“ Даниела Џишева..
Фестивалот во Банско траеше пет дена, а на него настапија 2.500 аматери-членови на театарски групи од Македонија, Грција, Украина, Шпанија и Бугарија. Сите тие пред стручното жири го презентираа својот уметнички талент во осум различни области.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *