• Thu. May 16th, 2024

Први и втори награди за младите струмички пијанисти на „Полихимнија“

Третиот меѓународен музички фестивал на „Полихимнија“ донесе нови награди за струмичките млади пијанисти од музичкото училиште „Боро Џони“.

Прва награда за Јулијана Јанев од класата на професорот Зоран Мазнејков, како и прва награда за Јован Филев и Андреј Филев од класата на професорката Милка Ганчева.

Андреј Филев – Прва награда

Втора награда освои Васка Стојанов од класата на професор Зоран Мазнејков, Сара Витанова и Стојанчо Јованов од класата на професор Александар Бончев.

Втора награда освои и Димитар Филев од класата на професорката Милка Ганчева.

Димитар Филев – Втора награда

Васил Јанков од класата на професор Бончев освои трета награда.

Професорот Бончев со своите ученици Сара Витанова, Стојанчо Јованов и Васил Јанков

Трета награда освои и младата пијанистка Тина Иванова од класата на професорката Милка Ганчева.

Меѓународниот фестивал на Полихимнија е манифестација која традиционално се одржува трета година по ред во втората половина од месец март низ концертните сали ширум главниот град. Учество земаат ученици и студенти од Република Северна Македонија, соседните земји, но и учесници од Европските земји. Оваа година фестивалот ќе се одржи во Скопје од 27.03.2018 до 01.04.2018 година.

Oваа година  ќе бидат застапени повеќе категории на инструменти за соло и камерна изведба ( пијано, флејта, виолина,виолончело, труба, кларинет, соло пеење ).

Првиот Меѓународен  фестивал Полихимниа се одржа од 17.03.2016 до 21.03.2016 година во КИЦ во Скопје, а  програмата беше збогатена со учество на проф. Јелена Тихомировиќ  и проф. Метод Сирониќ познато камерно дуо од Хрватска кои  го отворија првиот фестивал со целовечерен концерт, беа дел од меѓународното жири на фестивалот, а гостинот од Хрватска одржа семинар по флејта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *