• Tue. May 14th, 2024

По речиси пет дена потрага, пронајден исчезнатиот 56 годишен струмичанец

Полицијата вели дека го пронашла исчезнатиот струмичанец, кој пред четири дена е пријавен за исчезнат.

Од СВР Струмица информираат дека човекот е пронајден во Свети Николе.

„ Ве известуваме дека на 13.08.2020 во 12.00 часот, во манастирскиот комплекс „Пресвета Богородица“, на место викано „Ѓуриште“, атар на Свети Николе, полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го пронашле А.А.(56) од Струмица, за кого на 09.08.2020 неговиот син К.А. пријавил дека се оддалечил од домот.     А.А. бил предаден на неговиот син,“ велат од струмичката полиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *