• Sun. May 19th, 2024

По пауза од една година, грипот повторно се врати: Децата најмногу на удар

By

Jan 3, 2022

Во Клиниката за белодробни заболувања кај децата Козле, значително паѓаат бројките на хоспитализирани деца поради компликации со ковид, но значително е зголемен бројот на амбулантски случаи, вели директорот на болницата Бесник Зекири.

По една година пауза поради пандемијата со коронавирус, поради која носењето заштитни маски беше задолжително и на отворено и во затворен простор, оваа сезона грипот потворно се врати. Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети во изјава за „Слободен печат“ вели дека значително е зголемен бројот на пациенти болни од сезонски грип.

– Во моментов значително е зголемена бројката на пациенти позитивни на сезонски грип. И покрај шпекулациите, немаме пациенти позитивни на свински грип. Во сите здравстени домови има вакцини против грип кои значително помагаат во овој период од годината, кога е актуелен сезонскиот гри. Кој сака може да се вакцинира, вели Мемети.

Дека навистина грипот е се поприсутен потврдува и претседателката на Здружението на матични лекари, Лилија Чолакова Дервишова. Според неа, причина за зголемениот број на пациенти е топлото време некарактеристично за овој период од годината.

– Ова е период на грипови, најголемиот пик го очекуваме во февруари. Имаме повеќе пациенти со бронхити и бронхопневмонии. Не можам да кажам дали се работи за специфичен вид на грип, како свинскиот, на пример, посебно затоа што во внатрешноста на Македонија нема лаборатории кои тоа ќе го потврдат, а нема ниту услови сите пациенти да се испраќаат во Скопје за анализа. Но важно е дека сите пациенти успешно се лекуваат, вели Чолакова.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во сезоната  2021/2022 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 1.148, што е 3,6 пати повеќе во споредба со истиот период од минатата сезона, а во однос на моделот од последните 10 сезони се регистрира зголемување од 16,2%.

изворhttps://www.slobodenpecat.mk/po-pauza-od-edna-godina-gripot-povtorno-se-vrati-decata-najmnogu-na-udar/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *