• Wed. May 15th, 2024

По неколку години пауза ќе се одржи детскиот фестивал „Калинка“ (видео)

По неколкугодишна пауза во Гевгелија годинава ќе се одржи Интернационалниот детски музички фестивал „Калинка“ кој соевремено беше музички белег на ова општина а на кој настапуваа голем број деца. Фестивалот ќе се одржи во мај и тоа во две вечери, на 19 и 20 мај кога се планира да настапат 20 тина млади пејачи а на 21 мај предвидена е и голема денска забава на плоштадот во Гевгелија.