• Mon. May 20th, 2024

По вториот уписен рок во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија – уште 203 слободни места

Во вториот уписен рок за запишување на ученици во учебната 2019/2020 година, во СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, во прва година се запишале 19 ученици. И тоа, само 1 во гимназиско образование, а другите во стручното образование. Најголем интерес за стручното образование во вториот уписен рок имало за механичките паралелки каде што се запишале 11 ученици, додека 1 се запишал во економска, 3 во паралелката за готвачи и исто толку за келнери. 
По првиот и вториот уписен рок во овој средноучилишен центар заинтересираните ученици на располагање имаат уште 203 слободни места. Најмногу – 89 места во гимназиските паралелки, додека во стручно-образовните паралелки има уште 114 слободни места. Најголемиот број од овие места се во автомеханичарската струка – 25, за келнери има уште 23 места, за готвачи 21, додека во економската паралелка има уште 22 слободни места. На располагање, исто така, учениците имаат уште 18 места во механичарската паралелка и 5 во хотелско-туристичката насокиа. За овие места заинтересираните ученици можат да се пријават во августовскиот уписен рок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *