• Sat. May 18th, 2024

Почнува фестивалот по гитара во Ќустендил – професорот Пиличев дел од жирито

Од денеска до сабота во Ќустендил се одржува еден од најреномираните меѓународни фестивали по гитара, во Ќустендил, Република Бугарија.

Ќе учествуваат повеќе од 200 ученици и студенти по гитара кои ќе бидат оценувани од 30 врвни педагози од целиот свет.

Професорот по гитара од струмичкото основно музичко училиште „Боро Џони“ Васко Пиличев и оваа година е поканет да биде дел од жирито и ќе учествува во оценувањето на натпреварувачите на натпреварот овие четири денови.

Пиличев помеѓу членовите на жирито на Меѓуанродниот фестивал по гитара во Ќустендил минатата година

„Станува збор за еден од најдобрите и најквалитетни натпревари по гитара во Европа, со сериозно реноме, што за мене е голема чест. Овој натпревар е без котизација а со навистина голем фонд на награди, и со голем број концерти кои се бесплатни за посетителите. А тоа е многу важно за музичките фестивали. Се разбира јас не одам сам, со мене се и моите ученици во кои бескрајно верувам и се надевам дека ќе се вратиме со награди“, изјави за канал Вис Пиличев.

Пиличев со минатогодишните учесници на Меѓународниот фестивал по гитара во Ќустендил

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *