• Sun. May 19th, 2024

Почна седницата за уставни измени, утврден дневниот ред

ByЃ. K.

Aug 18, 2023

Со 70 гласа „за“,  47 „против“ и без „воздржан“ глас собранието го усвои дневниот ред на 123-тата седница која има само една точка – Предлог за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во преамбулата на Уставот.

По усвојувањето на дневниот ред треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени, за чие усвојување е неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази неопходни за промена на Уставот.

Согласно Деловникот за работа на Собранието, дебатата за потребата од носење на уставните измени трае најмногу десет работни дена и доколку е така треба да заврши на 31 август. Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати но, не повеќе од 30 минути вкупно.

Внесувањето на Бугарите во Уставот е услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија за полноправно членство во Унијата.

By Ѓ. K.