• Fri. May 17th, 2024

Почна летната школа по гитара-учесниците се подготвуваат за концертот во понеделник

Од денес почнува летната школа по гитара. Учесниците масовно се подготвуваат за заедничкиот концерт кој ќе се одржи во понеделник во Амфитеатарот со почеток во 21 часот. Досега има пријавено 48 учесници, а за сите оние кои сакаат да бидат дел од овој концерт, пријавувањето трае до понеделник.

Летната школа по гитара и годинава нуди добра забава и многу дружба. Покрај класичната, љубителите на овој инструмент ќе свират и македонски народни песни.

Летната школа за гитара се одржува трета година по ред како дел од најмасовната манифестација во градот Струмица ОПЕН фестивал.