• Sat. May 18th, 2024

Почна изградбата на патот до новата депонија во Гевгелија

Почна изградбата на патот до Времената депонија кај Ново Конско. Се предвидува патот да биде тампониран со што ќе се обезбедат услови за непречено движење на возилата на ЈПКД„Комуналец“ за транспортирање на отпадот до депонијата. За реализација на проектот од Меѓународната агенција за мигранти (ИОМ), која го распиша тендерот за изградба на патот, се обезбедени 140.000 евра.
Се очекува патот да биде готов до крајот на годината, а во меѓувреме општината Гевгелија треба да обезбеди водоводна линија и електронапојување на депонијата. ЈПКД„Комуналец“ веќе работи на инсталирањето на водоводната линија, додека за електронапојување ќе биде обезбедена сончева енергија. За таа цел во општина Гевгелија веќе се подготвува тендер за изработка иа проект и избор на изведувач на сончевите колектори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *