• Sat. May 18th, 2024

Почна вакцинацијата против сезонскиот грип

Министерството за здравство информира дека од денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип. Граѓаните можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар.

Денеска вакцинација започнува во здравствените домови во Скопје, Велес, Неготино и општата болница во Кавадарци; утре во здравствените домови во Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод и Ростуше и Општа болница со проширена дејност Дебар; во четврток во здравствените домови во Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип и Валандово и во Општа болница со проширена дејност Гевгелија, додека во петок во здравствените домови во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Берово, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево и Кочани.

Прочитајте: Путин тврди дека сите руски вакцини против КОВИД-19 се ефикасни

Оваа година, за бесплатно вакцинирање се набавени 40.000 дози вакцини против сезонски грип, 12.000 повеќе споредено со минатата сезона.

Прочитајте: Филипче најавува вакцини против КОВИД-19 во Македонија на почетокот на идната година

„Секоја година интересот за вакцинирање против сезонски грип е сѐ поголем, особено кај хронично болните и постарите лица кои поради позитивното искуство од претходните години, редовно се вакцинираат. Министерството за здравство потсетува дека најефективниот начин за спречување на болеста и нејзините тешки форми е имунизацијата, особено во период кога се соочуваме со пандемијата со коронавирусот“, се наведува во соопштението.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *