• Sat. May 18th, 2024

Почина новинарката Гордана Стошиќ

ByВане Трајков

Aug 20, 2022

Почина новинарката Гордана Стошиќ, која беше главна уредничка на првата приватна телевизија А1 во средината на 1990-те и генералната директорка на јавниот сервис МРТВ од 2004 до 2006, како и директорка и на скопската телевизија Скај нет, потврдија блиски и пријатели на социјалните мрежи. Имаше 63 години.

Стошиќ во почетокот на 1990-те беше дел од тимот на популарната дебатна емисија на МРТВ „Без наслов но со повод“ од каде премина во А1. Во уредничката кариера остави печат со обуката на млади новинари.

Како активистка во средината на 1990-те беше и членка на Управниот одбор на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), а од минатата деценија активно соработуваше и како преведувачка на изданијата на ФООМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *