• Sat. May 18th, 2024

Почина невропсихијатарот Методи Чепреганов

Почина Проф. Др. Методи Чепреганов, специјалист по невропсихијатрија и епилептологија.

„Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов.
Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20години.
Вечна му слава!“ информираат од Неуромедика.

Д-р Чепреганов беше дел од Европската асоцијација за клиничка неврофизиологија и епилептологија за земјите од Француско говорно подрачје; Невролошка асоцијација на Франција. Награден е со орден Palmes Academiques од страна на Првиот министер на Франција во името на Министерството за наука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *