• Tue. May 14th, 2024

Потпишан Договор за реконструкција на патот од Добрашинци до Нова Маала

ByВане Трајков

Jul 25, 2022

Општина Василево продолжува да се развива. Реализирање на ветените проекти како Градоначалник , се и остануваат мој приоритет. Општината мора да се стабилизира финансиски, но во ниту еден момент проектите нема да престанат. Денес е голем ден за населените места Нова Маала, Добрашинци, Висока Маала , Чанаклија. Ветивме и ќе го реализираме патот од центар на Добрашинци до центар на Нова Маала. Капитален проект од големо значење за овој дел од општина Василево“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/slave.jemi градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по повод денешното потпишување на Договорот за реконструкција на пат од центар на Добрашинци до центар на Нова Маала.

Договорот е потпишан со Министерството за локална самоуправа на РСМакедонија. Вредноста на Договорот е 11 000 000 денари а должината на улицата која ќе се реконструира изнесува 1016 метар.

„Со оглед на тоа што градежната сезона веќе е започната, а и согласно одредбите во Договорот, работите на терен треба да започнат во најбрзо време. Вложувањата во патната инфраструктура се на агендата на општина Василево. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро за модерна општина Василево“, потенцира градоначалникот Андонов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *