• Tue. May 14th, 2024

Потпишан Договор за реконструкција на кино салата во Валандово

ByВане Трајков

May 30, 2023

Општина Валандово и Министерството за култура потпишаа договорот за реконструкција на кино салата во Валандово, како еден од најважните објекти за културниот живот на локалната заедница.”Реконструкцијата ќе опфаќа: поставување на нова кровна конструкција, фасада, плафон, комплетна промена на столаријата, молеро фарбачки работи во внатрешноста, нов под во салата, под со гранитни плочки во холот, два современи проектори и опрема за проектирање.Во Кино салата, при Домот на култура 25Мај во Валандово, генерации валандовчани одбележале значајни општествени случувања и проследиле безброј културни настани. Ја овозможуваме функционалноста на просторот и го враќаме сјајот на овој исклучително важен објект, за градот и општината.Проектот ќе се реализира со средства од Министерството за култура и Општина Валандово.” сподели градоначалникот Костадинов.