• Fri. May 17th, 2024

Посебен сообраќаен режим на струмичките улици за време на полумаратонот „Струмица на улица“

ByЃ. K.

Oct 13, 2023

Сабота 14.10.2023 „Струмица на улица“ по 4-ти пат по улиците на Струмица

Со цел непречено и успешно реализирање на настанот, АК „Беласица Ран“ ја информира јавноста дека во периодот од 18:00 часот до 22:00 часот под времен режим ќе се одвива сообраќајот на улиците:

-Булевар „Маршал Тито“ (од ТЦ Глобал до Македонски Пошти, во двата правци);

-Улица „Балканска“ (од Македонски Пошти до крстосница со улица „Крушевска Република”, во двата правци);

-Улица „Маршал Тито“ (од крстосница со улица „Крушевска Република“ до крстосница со улица „Елка Јанкова”, во двата правци);

-Булевар „Гоце Делчев“ (од Македонски Пошти до кружен тек на улица „Младинска”, во двата правци);

-Улица „Ленинова“ (од ТЦ Глобал до кружниот тек со улица „Цветан Димов“).

By Ѓ. K.