• Sun. May 12th, 2024

Поради штрајкот на Државен испитен центар неизвесно дали ќе се одржи државната матура

Неизвесно е дали ќе се одржи државната матура на 27 мај и 10 јуни, откако вчера почна генералниот штрајк на Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ). Тие штрајкуваат оти не добиле согласност на барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од Министерството за финансии, а заради заштита на економските и социјални права на своите членови.

„Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, приправнички испити, меѓународно тестирање ТИМС итн.) ќе бидат запрени до добивање на согласност од Министерството за финансии. Сите 29 вработени се членови на синдикатот и состојбата на штрајк која би траела подолго од една недела би значела невозможност да се спроведе државната матура“, соопшти СОДИЦ-СФДМ.