• Sat. May 18th, 2024

Поради иселувањето, паѓа процентот на вакцинирани деца во Струмица

Пад на процентот на вакцинирани деца во Струмица. Причина иселувањето

Светската недела на имунизација се одбележува секоја година во последната недела од април и има за цел да промовира употреба на вакцини за заштита на луѓето од болести на сите возрасти. Имунизацијата спасува милиони животи секоја година и е широко признаена како една од најуспешните здравствени интервенции во светот. Сепак, денес сè уште има деца кои не ги примаат потребни вакцини, а многу ги пропуштаат виталните вакцини за време на адолесценцијата, зрелоста и во староста.

Не мал процент на деца во земјава не се вакцинирани за време на глобалната пандемија, што ги доведува во ризик од сериозни болести како сипаниците и детската парализа. Дезинформациите кои брзо се споделуваат на темата вакцинација значително придонесуваат кон оваа закана. Во Струмица бројот намален,а причина иселувањето.

Додека светот се фокусира на суштински важните нови вакцини за заштита од КОВИД-19, останува потребата да се обезбеди да не се пропушти рутинската вакцинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *