• Thu. May 16th, 2024

Поради дефект на главниот цевовод од браната „Иловица“ сите корисници денеска ќе бидат без вода

ByЃ. K.

Jan 13, 2024

Од Општина Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод од браната “Иловица” до филтер станицата „Иловица“ сите корисници од водоснабдителниот систем денеска (сабота) ќе бидат без вода.

Се работи за дефект со кој се спречува дотур на вода до филтер станицата за кој е задолжено АД Водостопанство “Струмичко Поле” Струмица.

Екипи од “Струмичко поле” со помош на вработените од ЈПКД “Огражден” се на терен и работат на отстранување на дефектот и повторно обезбедување вода за филтер станицата Иловица.

By Ѓ. K.