• Tue. May 14th, 2024

Полупразната држава на Балканот во недела ќе избира претседател- пишуваат странските медиуми

Полупразната држава на Балканот во недела ќе избира претседател помеѓу десничарката Гордана Сиљановска-Дафкова, Блерим Река, претставник од албанската етничка заедница и социјалдемократот Стево Пендаровски.
Вистинската битка за наследник на сегашниот претседател Горѓе Иванов многу веројатно ќе се бие во вториот круг, односно на 5 мај – пишува порталот „Евроактив“. На истата тема интернет-порталот на француската национална телевизија „Франс24“ вели дека Северна Македонија има ново име, но со стари проблеми.

– Граѓаните на земјата со просечна плата од 400 евра и висока невработеност од над 20 проценти, според Државната агенција за статистика, не им е многу важно кој кандидат ќе победи на изборите. Тие се чувствуваат изманипулирани и незадоволни од политиките на политичарите во земјата. Најважно, според нив, без оглед на тоа кој ќе победи, е земјата да ја продолжи приказната за ЕУ и за НАТО докрај – наведува „Франс24“ во своја анализа посветена за претстојните претседателски избори.
На истата тема „Ројтерс“ се осврнува со свој текст насловен „Промената на името ги прогонува македонските претседателски избори“ и вели дека прозападната влада на премиерот Зоран Заев пред изборите стравува од исходот на ЕУ дали во јуни Брисел ќе го додели датумот за преговори на Скопје. Според „Ројтерс“, малиот одѕив на минатогодишниот референдум е можното непожелно сценарио кое може да се повтори и на овие претседателски избори.

Според реномираниот „Блумберг“ додека државата е на пат да стане најнова членка на НАТО и се надева дека ќе ги започне преговорите со ЕУ, земјата и понатаму се наоѓа во своевидна војна за влијание помеѓу двете најголеми светски сили, САД и Русија. Промената на името наидува на отпор кај опозицијата, соопштува „Блумберг“.
„Јуроњуз“, пак, пренесува дека по контроверзната промена на името, Северна Македонија се подготвува за првите избори во новата ера.
Од своја страна, „Њу Јуроп“ информира дека политизираната нација ќе излезе на гласање на 21 април, при што останува и загриженоста за нискиот одзив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *