• Fri. May 17th, 2024

Полицијата пронајде и одзеде 60 стебла од растението канабис во радовишко

ByВане Трајков

May 10, 2022

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш вчера, постапувајки по наредба на Основен суд Радовиш, извршиле претрес во домот и помошните простории на А.П.(67) од село Подареш, радовишко. Притоа, во дворот пронашле и одзеле 60 стебла од растението канабис, за кои постои сомнение дека ги засадил и одгледувал неговиот син С.П., соопшти СВР Струмица


За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *