• Wed. May 15th, 2024

Пожарникари од Струмица и Петрич два дена разменуваа искуста преку симулативна вежба

?

Пожарникари од ТППЕ Струмица и нивни колеги и доброволци од Петрич, Република Бугарија, вчера и денеска разменува искуства преку симулативна вежба за справување со поплави и пожари на отворено.

Вежбата се одржа на просторот околу акумулацијата „Иловчанка“, во рамки на проектот „Заштита на локалното население од општините Струмица и Петрич од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот“.

-Во реални услови, преку практични вежби учесниците имаа можност да разменат искуства за успешно справување со пожари и катастрофи на отворено. Двете против пожарни единици и во идина преку заеднички иницијативи ќе ја јакнат соработката од двете страни на границата во случај на шумски пожари, изјави Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица.

Кирил Стојков од Доброволното против пожарно друштво при општина Петрич истакна дека досегашната соработка е успешна и се надева дека и во иднина ќе работат на заеднички проекти и дека научиле многу нови работи од своите колеги од Струмица.

Проектот меѓу двете против пожарни друштва се реализира преку Одделението за меѓународна соработка и европски фондови при Општина Струмица, а е финансиран е од европските фондови преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија.