• Sun. May 19th, 2024

Поевтинуваат горивата од полноќ

Сите видови горива од утре ќе се продаваат со поевтина цена, соопшти регулаторна комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва се намалува за 1 денар и ќе чини 77 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува за 0,5 денари и ќе чини 79,5 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0,5 денари и ќе чини 66,5 денари.

За 0,5 денари се намалува и цената на екстра лесното масло и ќе се продава по 65,5 денари.

Цената на мазутот од утре ќе изнесува 39,2 денари, што е намалува за 0,5 денари.