• Sun. May 12th, 2024

Повреден тракторист кај Пирава

ByВане Трајков

Sep 15, 2021

Вчера во 06.45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на место викано „Железнички мост“ во близина на село Пирава, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „алфа ромео“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од К.Џ.(49) од село Калуѓерица, радовишко и трактор „фергусон“ управуван од М.С.(44) од село Пирава, валандовско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово,, стои во информацијата на МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *