• Wed. May 15th, 2024

Повредени 16 војници во превртен автобус на патот Струмица – Штип

ByВане Трајков

Sep 29, 2020
полиција

Војници утринава се полесно повредени во сообраќајна незгода во која странично се преврте автобус на магистралниот пат Струмица-Штип. Како што информираат од Министерството за одбрана, автобусот превезувал припадници на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на организираниот превоз на релацијата Струмица-Радовиш-Штип-Петровец.

-Во сообраќајната незгода која според нашите и информациите од МВР се случила во 6:47 минути на осум километри пред Штип, се превезувале 16 припадници на Армијата до своите работни места во горенаведените гарнизони, при што според првичните сознанија кај дел од нив има полесни повреди и во моментот сите припадници се превезени во Болницата во Штип каде им се вршат лекарски прегледи со цел утврдување на нивната здравствена состојба, соопшти МО.

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на терен излегол и тим од воената полиција.

-Припадниците на Армијата по извршените прегледи ќе постапуваат согласно со дадените препораки од лекарите, велат од МО и нагласуваат дека автобусот од типот „сетра” во сопственост на фирмата „Тритерол” од Струмица која го реализира организираниот транспорт има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *