• Mon. May 20th, 2024

Повеќе лица се повредени во сообраќајка откако комбе-автобус се превртел на патот Струмица-Валандово

ByЃ. K.

Nov 7, 2023

На 07.11.2023 година околу 06.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот.

Во несреќата со повреди се здобиле повеќе лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа на Полициската станица Струмица.

By Ѓ. K.