• Wed. May 15th, 2024

Победничката на „Ѕвездите на Гранд“ се враќа во Струмица со подарениот автомобил

ByIvana Vangelova

Jun 27, 2023

Саша Поповиќ ги додели клучевите од автомобилот Фиат ТИПО на нашата струмичанка Славица Ангелова која победи во „Ѕвездите на гранд“ за сезоната 2022/23.

Креативниот директор на „Гранд“ продукција доделувањето на клучевите го направи во склоп на комплексот кој го гради на Бежаниска коса каде и живее.Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид истакна дека е горд на успехот на Славица, а наградата од Гранд ја гледа како олеснување за нејзината понатамошна кариера. Покрај песната, спот и комплетниот маркетинг, на Славица, како што рече рокерот, ќе и биде полесно бидејќи ќе има свој автомобил кога ќе доаѓа од Струмица до Белград.