• Sun. May 26th, 2024

Пиличев: 50 тина гитаристи и локални изведувачи вечерва ќе пеат песни од Тоше на СОФ 2022

ByВане Трајков

Aug 15, 2022

Вечерва на сцената на СОФ 2022 кај езерцето во Големиот градски парк ќе има концерт од Летната школа за гитара на кој ќе се изведуваат песни од Тоше Проески. Како што не информираше Васко Пиличев концертот е планира да трае 2 часа при што ќе бидат изведени вкупно 22 песни од богатиот репертоар на Проески. На сцената че бидат вкупно 50 гитаристи кои ќе свират песните кои ќе ги интерпретираат  Славица Ангелова, Ана Цамбулева, Анела Николова, Теодора Сретеновиќ , Тамара Томова, Весна Спасова

,, Песните ќе бидаат во наш аранжма но ке биде задржана мелопдијата. Со оглед дека концертот е во соработка со НУ , „Спомен куќа на Тодор Проески“ од Крушево “ ќе бидат изложени вкупно 26 уметнички слики кои се дел од Музејот во Крушево,, кажа Пиличев

Бендот кој ќе биде дел од вечерашниов концерт на Летната школа за гитара че биде во состав Таки Дробаров (Гитара), Марјан Стоилов (Тапани), Бојан Мицев (бас гитара) и Јован Терзиев (клавијатури)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *