• Mon. May 13th, 2024

Пендаровски и началникот на холандските вооружени сили разговараа за одбранбената соработка

Претседателот Стево Пендаровски попладнево во Вилата „Билјана“ во Охрид го прими началникот на Генералштабот на вооружените сили на Кралството Холандија, адмирал Роберт Бауер, кој престојува во официјална посета на земјава.

На средбата се разговараше за процесите на трансформација на Армијата на Република Северна Македонија, учеството во меѓународни операции и вежби, како и нејзиниот придонес во справувањето со пандемијата предизвикана од коронавирусот и од мигрантската криза.

Соговорниците разменија мислења за соработката меѓу Северна Македонија и Холандија, при што констатираа дека членството во НАТО отвара нови можности за интензивирањето на воената и одбранбената соработка меѓу двете земји.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија ќе продолжи да ги зајакнува односите со Холандија и во таа насока се заблагодари за долгогодишната отворена поддршка во помагање на македонското општество во реформите потребни за успешно заокружување на членството во НАТО и за преговорите за членство во ЕУ, се вели во соопштението.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *