• Fri. May 17th, 2024

Педијатрите од утре на Конгрес во Струмица

Oд утре, во Струмица ќе се одржи седмиот по ред Конгрес на педијатри со меѓународно учество кој ќе трае до 28. јуни, информираaт од Здружението на педијатри на Македонија.

Овој Конгрес има за цел да поттикне размена на знаења и искуства помеѓу стручниот кадар од Македонија и Европа во областа на педијатријата, за подобрување на секојдневните практики, начин на третирање и протоколи.

Свои стручни излагања ќе имаат македонски и странски еминентни предавачи кои ќе презентираат новини во педијатријата, со што ќе дадат голема важност на овој меѓународен педијатриски собир и ќе користат за понатамошно унапредување на науката во педијатриската медицина.

Покрај стандардните теми од различни области на педијатријата и превентивната медицина, главни теми за овогодинешниот 7. Конгрес ќе бидат: пулмологија со алергологија, превентивна педијатрија, неврологија со развојна педијатрија, ретки болести, хематологија со педијатриска онкологија и неонатологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *